Еве кај и да е ќе дојт и „Нова година“, а мене секој ден ми ѕвонит во ушиве, ама не ко порано оние добро познати новогодишни ѕвончиња туку политика, партии, позиција-опозиција, ти си од оние – јас сум од овие, ти ништо не знајш – јас знам, мојте се подобри од твојте, и.т.н., абе глава ќе ми прснит.

Демек ќе подизлезам да земам троа воздух, уште да беше чист, ама како и да е: снег, мраз, вода, дупки, луди шофери, абе мераци! Гледам подистајле некоја тезгичка, шо да зборвам, уста не ми се отворат, купи-продај односно препродај, да се подзамислиш и да видиш кој од кого купил-препродајл ќе спобудалиш. Си ги продавет едни сијалички 150 денари на тезга, море каква тезга, масичка, е баш од оние за на плажа, а пак оние со дуќанчињана поевтини за 50 денари, кај нив истите тие сијалички се „стотка“, а дуќанот под кирија, светло, затоплување, ќути барем еден е вработен, тој си е и газда и шеф и вработен, три во едно.

Ај си реков да земам некој нов лампион, да ја израдвам мојата 10 години стара елка, додуша на старо ја купив и тогаш, ама многу е битно шо беше сочувана ко нова. Ко ќе видам шо ќе видам, лампиони еден куп, арно ама, кршливи, јаки, пластични, стаклени, имат колку ти душа сакат, не се купвит секоја година, се трошеле пари на такви работи! Ах времиња! Шоубо си бевме научени, пафни еден од ваму, еден од таму,  накити си ја елката и свиркај си. Е арно ама сега имат камери, немат да се брукаме за еден лампион шо ќе го скршиш несакајќи, па да ти отворат досие, не бидвит така.

Како и да е, си реков ќе купам од најјакине, остај то сега друга дилема излезе, продавачот ме прашвит шо боја да се !? Го гледам и му се чудам, незнам дали ме провоцират или јас сум јанглаш. Познат ми беше од негде, а па да, од избори, само од која страна беше тогаш? Е ама сега морат да му глумам, за мене сите се исти, дали се лепачи на плакати, убедувачи на врата или пак од оние главните, ама пак тие главните „фраери“ ги имат секој ден по телевизии, овие ситниве рипки се потајни, менват партија преку ноќ. Одејќи по таа формула решив дипломатски да го зезнам. Ќе земам три сини и три црвени, му велам, за да го збунам, да не ме означит партиски, а тој после нек се чудит од која партија сум, демек морат да си од некоја партија!

Авторот познат на редакцијата