Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека САД и другите западни земји „прават се за да ја развлечат руската воена операција во Украина“.

Тој за државната телевизија Русија 24 истакна дека е зголемен обемот на испораки на странско оружје за Украина што јасно укажува дека ќе се борат до последната украинска позиција.

Според Шојгу руските сили методично спроведуваат план за „ослободување на народни републики Доњецк и Луганск“.

Не е познато дали изјавата на Шојгу беше пренесувано во живо или снимена. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде прво јавно појавување на рускиот министер за одбрана по извесен период, по наводите дека тој има здравствени проблеми.

OhridNews