Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска соопшти дека е ослободен поголемиот дел од самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, откако е преземена контролата врз јужниот брег на реката Северски Доњец.

Тој нагласи дека ослободената територија ги вклучува градовите Свјатогорск и Красни Лиман, како и 15 други населени места.

Шојгу уште рече дека од почетокот на специјалната воена операција во Украина на руските сили им се предале 6.489 припадници на украинската армија, од кои 126 во последните пет дена.

OhridNews