Моливчињата за очи служат за истакнување на обликот на окото и трепките уште повеќе да дојдат до израз. Највеќе се користи класичното црно моливче, но за похрабрите постојат различни бои. За совршено нанесување, потребна е мирна рака и концентрација.
Пред да започнете да се шминкате за некој важен настан, најдобро би било, во случај да погрешите со цртањето на правилна линија, да извежбате нанесување неколку пати, за подоцна без проблеми да го нанесете моливчето. Исто така оваа вежба добро ќе ви дојде, бидејќи ќе заштедите и на време.
Сигурно понекогаш сте се запрашале од што се произведуваат моливите за шминкање и како така совршено се припиваат на нашите очи? Одговорот лежи во нивните фини состојки. Имено, содржат восок и различни маслени супстанции, па имаат одлична функција во саканото исцртување околу очите, давајќи му на окото природен и нежен изглед.
Најпознатиот стил на шминкање со размачкување на моливче се нарекува “smokey eyes“. Мекоста на моливчето е најважна, бидејќи во спротивно може да ја повреди кожата околу окото и да предизвика иритација. Затоа при купувањето добро обратете внимание на мекоста.
За мејкапот да биде комплетен, не смееме да заборавиме да ги нашминкаме веѓите. И тоа како се важни во нашиот изглед, бидејќи неправилно третираните и нашминкани веѓи понекогаш можат да дадат сигнал дека особата е прегруба и дека не води сметка за својот изглед.