Српскиот двоец “ Шмекери“(Кариќ/Гавриловиќ) се победници на 4 издание на Одбојка на Песок кое од 16 до 16 јули се играше во Охрид на плажата “Бафало“ . “Шмекерите“ во финалето со 2-0 го совладаа минатогодишните вицепрваци Ѓорѓиев и Милев од екипата Струмица.


Во женското финале екипата Тедико (Мојсовска-Јаничиќ/Петровиќ) ги совладаа минатогодишните шампионки Ќурчиева/Ружиновска, екипата на Лек Сандоз со 2-0.

ohridnews