Според првичните информации од полицијата до несреќата дошло кога товарно возило со скопски регистарски таблички кое се движело кон Струга претекнувало друго возило и не успеало благовремено да се врати на својата коловозна лента, при тоа директно удрило во патничко возило Застава 101 кое се движело во спротивен правец.
Возачот на патничкото возило веднаш по несреќата е пренесен во болница.Засега нема информации за неговата здравствена состојба, но неофицијално неговите повреди не биле животозагрозувачки.
На местото на несреќата увид изврши екипа на СВР Охрид.