Шампионските амбиции на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата претрпеа голем удар, откако „црвените ѓаволи“, на „Олд Трафорд“, претреа пораз од „фенерџијата“ на табелата Шефилд Јунајтед, кој славеше 1-2 (0-1).
Летаргичноста во домашниот состав максимално ја искористија гостите, кои од првата шанса поведоа во 23-та минута. Кин Брајан во 23-та минута скокна највисоко во казнетиот простор и погоди мрежата на Давид де Хеа. Негативата не ги разбуди домашните фудбалери, кои креираа едвај една прилика за изедначувачки погодок во првиот дел.
Сликата малку се поправи во второто полувреме. „Црвените ѓаволи“ надмоќноста на теренот ја валоризираа со погодок на Хари Мегвајер, кој прецизно биеше со глава. Наместо погодокот за егал да им крилија, ги парализираше фудбалерите на Манчестер Јунајтед. Не одлучноста и конфузијата во казнетиот простор на домаќините со гол ја казнија гостите. Оливер Бурк со помош на Аксел Туанзебе погоди за 1-2. Домаќините притиснаа до крајот, но не успеаја да постигнат погодок и избегнат пораз.
Манчестер Јунајтед, моментално заостанува еден бод од лидерот Манчестер Сити, кој пак има и натпревар помалку.
- Резултати:
Барнли – Астон Вила 3-2
Челси – Вулверхемптон 0-0
Брајтон – Фулам 0-0
Евертон – Лестер 1-1
Манчестер Јунајтед – Шефилд Јунајтед 1-2
OhridNews