Актуелниот шампион во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкупи попладнево забележа победа како гостин против Работнички и дојде на само три бода до лидерот на табелата Струга.

Стружани ремизираа со Скопје.

Резултати на денешните натпревари од 18. коло во македонското фудбалско првенство:

Академија Пандев – Тиквеш 0:2
Брегалница – Победа 2:2
Скопје – Струга 1:1
Работнички – Шкупи 2:4
Силекс – Македонија ЃП 1:3

Табела: Струга 37 бода, Шкупи 34, Шкендија 28, Тиквеш 26, Силекс 26, Брегалница 21, Македонија ЃП 20, Работнички 18, Победа 13, Академија Пандев 12, Скопје 11.

OhridNews