Екипата на Шкупи ќе игра во втората квалификациска рунда во Конференциска лига, откако успешно ја помина воведната од новото клупско натапреварување под капата на УЕФА. Со позитивен епилог не можат да се пофалат Струга Трим Лум и Силекс, кои изгубија во реваншите и доживеаја елиминација.
Скопските „сино бели“ во реваншот со косовски Лапи, ремизирајќи 1-1 ја одбранија предноста до 2-0, остварена пред недела дена на домашен терен. Фудбалерите на Шкупи имаа и водство 1-0, но Лапи успеаја да изедначат и достојно со реми да се збогуваат од Европа.
Струга Трим Лум потклекна на домашен терен во Скопје претрпувајќи убедлив пораз од 4-1 од литванска Лиепаја. Стружани ремизираа на гости (1-1), резултат што внесе надеж во пресрет на реваншот во Скопје. Но екипата на Лиепеаја одигра маестрален натпревар и со 4 погодоци обезбеди сосема заслужен триумф и пласман во следната рунда.
Силекс, пак, намеше среќа во двобојот со молдавски Петрокуб. Ривалот на кратовчани со гол во 95-та минута осигура минимален триумф кој ги одвеве во втората рунда. Првиот меч заврши 1-1.
Друштво на Шкупи во Конференциската лига ќе му прави Шкендија, која не помина најдобро во ЛШ и елиминација доживеа по само два одиграни мечеви. Шкупи ќе се соочи со Санта Клара од Португалија, додека Шкендија ќе ги одмери силите со Рига.
OhridNews