Новиот член во прволигашкото друштво Шкупи во Охрид ќе помине две недели каде ќе се подготвува за предизвици кои ги очекува во елитата.
Во добра и пријатна атмосфера поминуваат напорните тренинзи на „сините“ кои до сега имаат закажано две пријателски средби.
Во сабота со почеток во 18 часот Шкупи ќе се сретне со екипа составена од охридско-струшки играчи додека в среда ќе ги одмери силите со тимот на Младост Царев Двор.
Покрај овие натпревари на 12 јули силите ќе ги одмерат Пелистер – Металург, а три дена подоцна Металург ќе се сретне со новиот прволигаш Младост.
Мх.П.