Шампионит на Македонија Шкупи одигра нерешено 2:2 против фаворитеот Динамо Загреб на Максимир во Загреб, во рамки на второто коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони.
Шкупи прв дојде во водство во 25 минута преку Куевен. Динамо се врати во игра во 44 минута со голот на репрезентативецот на Македонија Аријан Адеми.
Мрежите во второто полувреме мируваа до самиот финиш. Во 86 минута Динамо дојде до пресврт со голот на Петковиќ на асистенција на Адеми. Во 89 минута Реналдо Цефас со извонреден гол ја казни несигурноста на домашната одбрана и ги постави конечните Динамо Загреб – Шкупи 2:2.
Реваншот се игра во Скопје на 26 јули.
Победникот од овој натпревар во третото колко од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони ќе се сретне со подобриот од мешот Лудогорец (Буг.) и Шамрок Роверс (Ирс.).
Г.М.