Лидерот на табелата во Серија А, Интер, во своја корист го реши дербито на колото, победувајќи ја Аталанта со минимални 1-0 (0-0), на „Џузепе Меаца“ стадионот.
„Нероазурите“ не доминираа во дуелот со Аталанта, која статистички имаше подобри бројки, но домашните фудбалери со единствениот упатен удар кон голот ја погодија мрежата и го освоија целиот плен. Стрелец на победничкиот погодок беше дефанзивецот Милан Шкринијар, кој реализираше на стартот од второто полувреме.
Интер ја задржа предноста од шест бодови во однос на второпласираниот Милан, додека третопласираниот Јувентус заостанува 14 поени, со еден меч помалку.
OhridNews