Скапоценото шкотско виски наскоро за прв пат ќе биде во продажба и во лименки, и тоа на пазарот во САД. Производителот рекол дека пакувањето во лименки е добро поради полесниот транспорт и поради тоа што е поефтино. Потпреседателот на шкотската комапнија Спиритс Импортс, Кен Рубенфелд, рекол дека постојат многу добри пијалоци кои се пакувани во лименки и дека не гледаат ништо лошо во тоа. Според нив, лименките би служеле само за транспорт, а вискито и понатаму би било послужувано во чаши.
Челниците на комапнијата се надеваат дека вискито во лименки ќе биде пуштено во продажба од 1 февруари, а цената веќе била формирана и изнесувала пет долари по лименка. Рубенфелт исто така рекол дека многу луѓе сакаат да пијат виски на брод, покрај базен итн. Затоа одлучиле тоа да им го овозможат на нивните потрошувачи и да го олеснат купувањето на вискито. Додал дека е многу полесно да се спакува пакет лименки отколку стаклени шишиња.