Фризерот Пол Мeк Гил (38) ќе ја претставува Шкотска во финалето на танц на шипка. Мек Гил е единствениот маж кој ќе учествува на ова Британско натпреварување. Во натпреварот за претставник на Шкотска ја победил Аилен Даниел (26) која го учела да танцува. Таа веќе победила на ова натпреварување, па се надевала дека повторно ќе ја понесе титулата.
Таа изјавила дека не може да поверува дека ја победил маж. Се надевала на големото финале, но Пол ја победил. Пол поттикнувал и други мажи да се пробаат во овој вид на танцување. Пол изјавил дека ваква врста на рекреација го развива горниот дел на телото и дека некои потези се навистина тешки.