првенство во Бразил, репрезентацијата на Шкотска, доби нов селектор.
Наследник на Крег Левин, кој поради лошиот старт во квалификациите, доби
отказ на функцијата, ќе го наследи легендарниот Гордон Страхан, кој со
националната федерација договори соработка до завршувањето на
квалификацискиот циклус.
Шкотска, во досегашниот тек на квалификациите, во А групата, два пати
одигра нерешено и два пати загуби, со што ги загуби шансите за пласман
на Мундијалот.
Страхан на клупата на шкотскиот национален тим ќе дебитира на 22.март
кога во Глазгов ќе гостува Велс, четири дена подоцна Шкотска ќе гостува
во Србија.
Македонија, на првиот меч со Шкотска, како гостин одигра 1:1, Шкотите во Скопје ќе гостуваа на 10.септември.