Македонија има активни 0-0 по првите 45 минути од квалификацискиот натпревар на “Хемпден парк“ во Глазгов, против Шкотска. Избраниците на Мирсад Јонуз одигра прво полувреме како по ноти, а само благодарение на шкотскиот голман Гордон се уште мирува шкотската мрежа.


Пандев во 10 и 43 минута го загрози шкотскиот гол, во два наврати Стојков се најде во изгледни прилики но не успеавме да го отвориме резултатот. Митрески и Деспотовски заработија жолти картони во исклучително нервозниот натпревар, а Деспотовки ќе го пропушти наредниот натпревар против Норвешка.

М.П.