Околу четири милиони Шкотланѓани денеска треба да одлучат дали ќе останат дел од Обединетото Кралство или ќе тргнат по патот на независност.
Последните анкети на агенциите Ipsos Mori и Panelbase објавени во текот на вчерашниот ден, велат дека поддршката за независноста на Шкотска изнесувала 49, односно 48 отсто.
Според податоците, 4.285.323 избирачи се регистрирани за гласање на референдумот за независност што претставува околу 97 отсто од населението со над 16-годишна возраст.
OhridNews