Гордон Смит извршниот директор во Шктоската ФА, тврди дека Македонија се однесувала „чудно“ на состанокот на кој бил договаран распоредот на натпреварите  за престојните квалификации за СП 2012 година во Јужна Африка.

Според Смит , македонската делегација била подготвена да го напушти состанокот доколку не го играме првиот натпревар на домашен терен.

Проблем плус за новиот селектор на шкотската клупа Џорџ Барли е тоа што по гостувањето во Македонија, за четири дена подоцна неговата репрезентација ќе гостува во Рејкјавик, Исланд.

Покрај патувањата, уште еден проблем за Барли е тоа што натпреварот ќе се игра за ручек време во 15 часот, кога температурата ќе биде над 30 Целзуисови степени.

Смит признава дека времето на одигрување на натпреварот не им оди во прилог. – И покрај тоа што не ни одговараше терминот , во тој момент изгледаше дека Македонците ќе се повлечат и ќе мораше да одиме во ФИФА и тоа ќе беше класична ждребка која сакавме да ја избегнеме. Имавме договорено седум меча кои ни одговраа па и покрај тоа што не сакавме моравме да го прифатиме овај.

Поради изградбата на северната трибина натпреварот Македонија – Шкотска се игра на 6 септември во 15 ч.

ohridnews