Во македонското фудбалско првенство следи двонеделна пауза поради настапот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на СП 2010 во Јужна Африка.

Македонија квалификациите ќе ги отвори против Шкотска на 6-ти септември. Овој натпревар поради реконструкцијата на Градскиот стадион во Скопје ќе се игра на дневна светлина. Средбата ќе започне во 15 ч.

Овие квалификации според многумина треба да претствуваат врв на оваа генерација фудбалери на Македонија. Во прилог и оди и фактот што покрај повеќегодишното заедничко играње, репрезентацијата ја води селектор кој е на клупата на црвените втор мандат, така што со право се очекува квалитативен исчекор напред во овие квалификации. Натпреварот со Шкотска ќе покаже дали и колку далеку можеме да стигнеме во квалификациите за пласман на СП.