Со свеченост што се одржа во школскиот двор во  ОУ „ Живко Чинго“ во Велгошти, утрово на симболичен начин беше означен почетокот на новата учебна година во општината. Успех на новите првачиња и на учениците од повисоките одделенија им поска градоначалникот Александар Петрески кој во пригодното обраќање ја  потенцира важноста и вредноста на процесот за подобрување на условите во училиштата, што придонесува за подобар квалитет на наставата.


Свеченоста во Велгошти беше збогатена со пригодна културно иметничка програма што ја подготвија учениците од О.У.„Живко Чинго“.


Во Велгошти школската година почна разиграно

Денес среќата и насмевката се разлеваа на лицата на најмладите ученици – првачињата. Весел дочек на првачињата од ОУ „Братство Единство“ им подготвија нивните поголеми другарчиња. Со насмевки на лицата , разиграни ,ведри и весели се претставија пред идните првачиња со песнички,рецитали и музички игри. Неизмерна радост бликаше насекаде околу нив…


Почетокот на новата школска година свечено одбележан и во О.У.„Братство и Единство“

Со свечена програма подготвена од повозрасните ученици и пригодни говори на директорката Славица Илиќ  и советникот Тони Тунтев беше означен стартот на новата учебна година во ОУ “Св Килимент Охридски “. Во новата школска години во нови предизивци и авантури ќе се впуштат околу триесетина првачиња.



Првиот школски ден свечено помина и во О.У. Св. Климент Охридски“

OhridNews