Право на учестов имаат децата од град Охрид и околните населени места. Начин на реализација:
– Едукација на деца од 9 години до14 години возраст во рекреативен риболов.
– Обуката ќе се одржи од 17.06 до 12.07.2013 год.
– Групите ќе бидат составени од 6 до 10 деца.
– Школата на една група ќе трае 4 дена ( од понеделник до четврток, резервен термин петок)
– Обуката за првата група ќе се спроведе од 17.06. до 20.06.2013 год.
– Обуката ќе се спроведува во претпладневните часови во време траење од 5 наставни часа, во времето од 08,оо.до 12,оо часот.
Содржина на еднодневна обука:
– Запознавање со 6 до 8 видови риба кои живеат во Охридското Езеро ( 45 мин.)
– Запознавање со приборот за рекреативен риболов (15 мин.)
– Практично користење на приборот за рекреативен риболов ( 150 мин.)
– Запознавање со еколошките проблеми на Охридското Езеро ( 15 мин.)
– Запознавање со Законските одредби за вршење рекреативен риболов( 15 мин.)
Ги повикуваме сите заинтересирани родители да ги пријават своите деца за да ги научат вештините на рекреативниот риболов. Школата ја води Димче Мајковски
Пријавување се врши во просториите на на здружението, во поранешната барака на „Гранит“, Кеј Маршал Тито бр. 120 или на телефон 075/717-805, лице за контакт Димче Мајковски. Школата е бесплатна за сите деца. Школата финансиски е подржано од нашиот генерален спонзор „ПАСТРМКА 2012“ од Охрид.