Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска Шкендија со триумф над Победа (2-0) во тест средбата на „Атина Бојаџи“ ги заокружи подготовките во Охрид.

Стрелци во победата на тетовските „црвено црни“ беа Стенио Жуниор и Изаир Емини кои по еднаш погодија во првото односно второто полувреме

– Напорните подготовки во Охрид ги завршивме со тест средба против Победа. Добро е што победивме и секогаш јас сум задоволен после победата, а така е и сега. Нозете им беа тешки на моите фудбалери и морам да ги пофалам за нивната желба и волја за работа. – изјави Ќатип Османи тренерот на Шкендија.

Тест средбите на екипите кои ќе се подготвуваат во Охрид продолжуваат на 23 јануари.

OhridNews