Десетдвените подготовки во Охрид експедицијата на Шкендија ја комплетираше со победа во контролниот натпревар против Зајаз 5-0.
– Задоволни сме од одработените подготовки во Охрид. Добро трениравме, добро се дружевме и ја подигнавме атмосферата во екипата на многу високо ниво. Условите во Охрид за овој период се повеќе од добри, и ако постои можност повторно ќе дојдиме тука – рекоа од клубот.
Во зимскиот преоден рок тетовска Шкендија се засили со неколку квалитетни фудбалери, со кои ќе конкурира за висок пласман во пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.
Мх.П.