Тетовските „црвено црни“ со ѕвучни засилувања на големо се подготвуваат за шампионската трка со Вардар во Првата македонска фудбалска лига.


Шкендија во своите редови го врати македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани кој ја преводеше екипата до единствената титула во нејзината историја.

Претходно, Шкендија ги официјализираше трансферите на Адријан Цуцили и Бесарт Ибраими, а за тренер го промовираше Шпетим Дуро.

Следни потенцијални засилувања кои се таргет на тетовчани се репрезентативците Даниел Мојсов, Мухамед Демири, Мартин Богатинов и Марјан Радески.

Актуелниот првак Вардар кој е на подготовки во Австрија се уште го нема кажано последниот збор на трансфер пазарот.

Ohridnews