Во зимскиот преоден рок екипата на Пелистер може да остане без најдобриот фудбалер Стенио Жуниор, за кој интерес пројави тетовска Шкендија пренесува „Македонски Спорт“.
Бразилецот во тимот кој е предводен од охридскиот стратег Драган Бочески игра клучна фигура во есенските победи и успеси на „зелено белите“.
Сумата која управата на Шкендија ќе ја плати за евентуален ангажман на Жуниор е 100 000 евра што ќе преставува рекорден трансфер во Првата македонска фудбалска лига.
Пелистер првата полусезона ја заврши на третата позиција со исто бодови како второпласираниот Вардар и есенскиот првак Хоризон Турново.
Мх.П.