Тетовските „црвено црни“ не застануваат на трансферо пазарот официјализирајќи го договорот со македонскиот репрезентативец Марјан Радески кој беше член на Металург.
Шкендија за 20-годишниот фудбалер плати рекордни 150 000 евра срушувајќи го рекордот на Вардар кој неоадамна „искешира“ 100 000 евра за фудбалерот на Работнички, Дарко Велкоски.
Радески е четврто ѕвучно засилување за тетовчани кои во своите редови претходно ги доведоа Ферхан Хасани, Бесарт Ибраими и Адријан Цуцули.
Со засилувањата „црвено црните“ сериозно ќе му конкурираат на Вардар во Првата лига кој исто така потроши многу на трансфер пазарот.
Мх.П.