Аспирантот за висок пласман во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија ги претекна сите и прва пристигна во Охрид на подготовки за продолжението од шампионатот.


„Црвено црните“ успеаја да одиграат и контролен натпревар со Поградец на теренот со вештачка трева на „Билјанини Извори“ кој го добија со високи 4-0.

Иако се очекуваше „зимската фудбалска сезона“ во Охрид да ја отворат српски екипи, сепак вицешампионот изненадно го одбра градот под Самоиловите тврдини за база на зимските подготовки.


Тетовчани подготовките во Охрид ќе ги продолжат во силно темпо, а на 20 јануари ќе одиграат пријателски натпревар со Младост Царев Двор. 

OhridNews