Со комплетирање на учесниците во групната фаза на Лигата на шампиони, познати се и екипите, кои ќе настапат во елитното клупско натпреварување во младинска конкуренција во кое македонскиот фудбал повторно ќе го претставува тетовска Шкендија.

За актуелниот македонски фудбалски првак во младинска конкуренција ова ќе биде трет едноподруго настап во Лигата на шампиони, чие издание минатата сезона беше откажано поради пандемијата на коронавирус.

Противникот на Шкендија во 1. квалификациско коло ќе биде познат во вторник за кога во Нион е закажана жрепката. Првите натпревари ќе се играат на 29 септември, додека реваншите од 1. квалификациско коло се на програмата на 20 октомври.

OhridNews