Македонскиот првак Шкендија заврши со европските натпревари оваа сезона. „Црвено црните“ не ги исполнија очекувањата и после раната елиминација во квалификациите во Лигата на Шампиони се соочија со испаѓање и од Лигата на Европа.

Неприминлива пречка за избраниците на Ќатип Османи беше тимот од Луксембург, Дуделанж. Фудбалерите на Дуделанж пласманот во следната рунда го најавија со триумфот во Скопје (2-1) а го заверија со нерешениот исход (1-1) пред своите гледачи. Шкендија во реваншот дури во финишот постигна погодок, но немаше време да направи комплетен пресврт и да ја продолжи авантурата. Тетовските „црвено црни“ мечот го завршија со осум фудбалери откако црвени картони добија Висар Муслиу, Валмир Нафиу и Агим Ибраими.

Над небото на Шкендија има многу црни облаци, бидејќи оваа екипа се сметаше како најзрела за големи работи во Европа а испадно спротивното. Шкендија да ја заврши европската авантура со минорен учинок и претстави далеку од можностите.

Спас за пропадната евро-сезона, Шкендија ќе бара во националниот шампионат и Купот на Македонија, трофеи кои не смеаат ни под точка разно да се испуштат.

OhridNews