Фудбалерите на Шкендија забележаа триумф на контролниот натпревар со Работнички кој двете екипи го одиграа во Охрид. Тетовските „црвено црни“ славеа со 2-0 (0-0).
Во првиот дел мрежите мируваа, а повеќе од играта имаше Работнички. „Романтичарите“ креираа неколку прилики, но не успеаја сериозно да го загрозат Захов. На спротивната страна Шкендија се закануваше но без конкретни напади.
На стартот од второто полувреме двете екипи ротираа, а измените свежа крв внесоа во Шкендија. Тетовчани ја презедоа играта и го отворија резултатот. Ваљон Ахмеди после соло продор го матираше Ристе Јанков. После десеттина минути Шкендија го зголеми водството. Мрежата ја погоди Бесарт Ибраими.
Работнички подготвителните мечеви ќе ги продолжи утре (сабота) против Охрид додека Шкендија низ уште неколку контролни средби ќе ја бруси формата за стартот од Првата МФЛ.
OhridNews