Тетовска Шкендија, денеска, со почеток во 18 часот со мечот против Ном Калју на гостински терен во квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони ги стартува евро возбудувањата на македонски екипи.

Македонскиот шампион во двомечот со естонскиот состав влегува како голем фаворит. „Црвено црните“ треба да ја потврдат таа улога, да обезбедат позитивен резултат и дуелот во Скопје да биде само промоција за пласман понатаму.

Шкендија е наш единствен преставник во ЛШ, а бројот на македонски екипи во Лигата на Европа е поголем и брои вкупно три екипи (Шкупи, Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев). Шкупи во четврток во 15:30 часот гостува кај тимот на Пјуник, во 17 часот Македонија ЃП на гостински терен ќе се судри со Алашкерт додека победникот во Купот на Македонија, Академија Пандев на домашен терен во Скопје ќе се пресмета со Зрински Мостар.

OhridNews
Фото: Архива