Тетовските „црвено црни“ имаат европска авантура за заборав после срамната елиминација од Номе Каљу во Лигата на Шампиони и неуспехот против Дуденлажн во Лигата на Европа.

Македонскиот првак Шкендија дефинитивно не се прослави во Европа, а осоебно не` после нерешениот исход со Дуденланж (1-1) кој значеше елиминација со вкупен резултат 3-2 од второто по ранг натпреварување на стариот континент. Во финишот од мечот Валмир Нафиу грубо стартуваше од зад грб и судијата му додели директен црвен картон. Шкендија остана со девет играчи во поле а многу скоро црвен картон доби и Агим Ибраими кој се обиде да дискутира со судијата. Ибраими со глава го турна главниот арбитар и го очекува жестока и драстична казна.

Тензиите продолжија и после завршувањето на натпреварот кога фудбалерите на Шкендија бараа правда кај главниот судија. И затоа може да се констатира дека Шкендија ја загуби битката, а фудбалерите главата во Луксембург.

OhridNews

Шкендија не се прослави ниту во Лигата на Европа (видео)