ШК Ласкер Охрид, од 06 до 13 јули учествуваше во Втората машка лига на Македонија во која се натпреваруваат 10 екипи.
Натпреварите се играа на шест табли по Бергеров систем (секој со секого), ШК Ласкер Охрид кој настапи исклучиво со шахисти од Охрид, со една победа, три нерешени и пет порази освои 5 бода и вкупно 22 поена, со што го освои 7 место, со што обезбеди опстанок во втората лига каде ќе се натпреварува и во 2025 год.
За ШК Ласкер Охрид настапија: Гоце Шапкароски, Даниел Андреески, Константин Лушески, Методија Анѓелкоски, Александар Алексовски, Љупчо Попаѓоски, Ванчо Видиќески, Никола Николовски, Михаил Николовски, Даниел Нунески, Јане Шапкароски, Ерол Су и капитенот на екипата Андон Колоски.
Г.М.