ШК Ласкер Охрид со свои екипи беше дел од екипните младински првенства во шах што се одржаа во ПСУ Јаха Кемал Скопје на 25 и 26 ноември и 2 и 3 декември 2023 година.

ШК Ласкер Охрид учествуваше во категориите U10 во состав: Драган Анѓелески, Хамза Мехмед, Марко Томоски, Иван Пероски, Фатих Осман и Наум Анѓелески, U10 во состав: Павел Мишески, Јован Пуроски, Михаил Шапкароски и Мартин Серафимоски и U18 во состав: Константин Лушески, Никола Николовски, Михаил Николовски, Елена Лушеска и Емилија Лушеска.

Во категоријата U10 беа пријавени 9 екипи, се играше на четири табли по Бергер систем секој со секого, според конечниот пласман екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 4 место.

Во категоријата U12 беа пријавени 9 екипи, кои играа на четири табли по Бергер систем секој со секого, според конечниот пласман екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 3 место.

Во категоријата U18 беа пријавени 7 екипи, кои играа на четири табли по Бергер систем секој со секого, според конечниот пласман екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 3 место.

ШК Ласкер Охрид финансиски е помогнат од Општина Охрид.

OhridNews