Охриѓанецот Михаил Шишкоски го освои првото место Куп натпреварот одржан на стрелиштето Марко Цепенков во Прилеп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кое зедоа учество околу 40-тина стрелци.


Шишкоски ја продолжи низата од солидни резултати, постигнувајќи резултат од 574 кругови, 4 кругови над минималната олимписка норма. Од овај КУП започнаа да се натпреваруваат и пионерите кои досега “пукаа“ на сериска програма, Апостолоски Бобан и Блажески Мики, испукувајки 507 односно 462 кругови.


Промена има кај младинките, кои од овај КУП ќе се натпреваруваат во конкуренција на далеку поискусните сениорки, па така досегашното прво место на Балабан се замени со 5-то, со висок резултат од 373 кругови. Гоџоска Верица испука 348 круга, а Нестороска Емилија 325 кругови.

Ohridnews