Шише молт виски било продадено на аукција во Хонг Конг за рекордни 628.205 долари, соошти аукциската куќа Сотби. Шишето со капацитет од шест литри виски Макален М Декантер привлекло големо внимание а отишло во рацете на неименуван азиски колекционер.

Како што пренесуваат агенциите, некогашната британска колонија стана центар на аукциите за ретки предмети од дијаманти до поштенски марки, благодарение на се поголемото богатство на Кина, но и други делови на Азија. Шишето виски, кое било продадено во саботата, го соборило рекордот од 460 илјади долари за шише Синг молт виски кој бил поствен во Њујорк во 2010 година.