Шише ретко виски, старо 55 години, било продадено на аукција за дури 55 илјади евра и така поставило нов светски рекорд. Шишето “Glenfiddich Janet Sheed Roberts Reserve” го надминало претходниот рекорд за 35 илјади евра.

Ова е прво од 11 шишиња кои биле направени во 1955 година во чест на Џенет Сид Робертс, внуката на Вилијам Грант, кој ја основал Гленфидич дестлеријата. Џенет во август прославила 110 години и е најстарата личност во Шкотска. Челниците на аукциската куќа велат дека вискито било направено по највисоки стандарди и дека вреди секој цент платен за него. Заработувачката од продажбата ќе оди во хуманитарни цели.