Здружението на производители на алкохолни пијалоци Квебек продава едно од најскапите шишиња виски по цена од речиси 50 илјади канадски долари. Станува збор за виски произведено во 1962 година во Шкотска, прене медиумите. Шкотискиот производител минатата година почнал со продажба на реткиот вид виски кој бил оставен 50 години да отстои.

Станува збор за ограничена количина од пијалокот, бидејќи од почетната количина со која можеле да бидат наполнето 300 до 500 шишиња, поради повеќегодинешното испарување, останале само 88 литри. Здружението го поседува последното шише од ова виски кое е на продажба. Во ноември минатата година шише од истото виски во Ванкувер било продадено за 33 илјади долари.