„Даџио“, најголемата светска дестилерија, ќе продаде 60 шишиња шкотско виски по цена од 100 илјади фунти, а по повод обележувњето на 60 години од владеењето на кралицата Елизабета во 2012 година. „Diamond Jubilee Blended Scotch Whisky by John Walker & Sons” е врста виски дестилирано 1952 година, и е делимично созреано во специјални дабови буриња, објасниле од дестилеријата.
Вискито ќе се продава во кристални шишиња, украсени со сребрен прстен со дијамант од половина карат и печат со единствен број. Со тоа се добиваат и две кристални рачно изработени чаши, како и кожна брошура со сопствено име или лого, а сето тоа во дрвена кутија. Заработените пари ќе се донираат во добротворни цели. Првото шише ќе биде подарено на кралицата Елизабета, а останатите ќе бидат понудени на затворена продажба каде ќе можат да учествуваат само оние кои ќе имаат покани. Стандардното шише виски „Џони Вокер“ со црвена етикета чини околу 20 фунти.