Едно шише од посебната сорта „Жолто вино“ од 1774 година било продадено за 57 илјади евра на еден швајцарски купувач. Тоа е рекордна цена за таа сорта вино по која е позната Зира, регион во централна Франција. Шишето било продадено на аукција во градот Арбоа, а почетната цена била 5000 евра.


Виното во шишето од 0,87 литри е бургундец од пред повеќе од два века од истата сорта од кое било и виното кое при дегустацијата во 1994 година добило оценка 9,4 од максимални 10 поени. Производството на ова вино е мало, само 80 илјади хектолитри годишно, и има репутација на врвен квалитет. „Жолтото вино“, познато уште и како „Вино на кралевите и крал на вината“ лежи во посебни буриња од 228 литри шест години и три месеци, а потоа се точи во посебни шишиња од 0,62 литри.