Шише таканаречено жолто вино од областа Јура во Франција од 1774 година било продадено на аукција во Женева за повеќе од 38 илјади евра. Аукциската куќа „Кристи“, на која и била доверена продажбата на ова шише вино, кое семејството Версел од француското гратче Арбо го чувало во својот подрум осум генерации, преку интернет нашла купувач кој бил спремен да плати 38 илјади евра.
„Кристи“ пред аукцијата виното го проценила помеѓу 32 и 40 илјади евра. во февруари 2011 година шише бело вино од истата берба било продадено на аукција во Арбо за 57 илјади евра на швајцарскиот познавач и колекционер на врвни вина Пјер Севрије, иако почетната цена изнесувала 5000 евра. „Кристи“ на истата аукција посветена на исклучителни вина одржана во вторникот во Женева, продала 13 шишиња од замокот Мутон-Ротшилд по цена од 116 илјади евра.