Шише врвно вино достигнало на аукција рекордна цена од 236 илјади долари што ги поттикнало експертите да коментираат дека квалитетните вина наскоро ќе станат недостапни за многу луѓе. Шишето вино од прочуената сорта “Sato Lafit-Rocild” од 1869 година произведено во Бордо било продадено на аукција во Хонг Конг на која кинеските богаташи се натпреварувале кој ќе понуди повеќе за истото.


Највисока цена постигнало виното произведено во годината кога Наполеон Трети владеел со Франција и кога бил отворен Суецкиот канал. Иако е фалено како едно од најдобрите вина на 19 век, од кое постојат само неколку шишиња, има луѓе кои мислат дека е квалитетно колку и секое вино старо 140 години. Вртоглави цени не постигнувале само старите вина. Имено, вино од минатогодишната берба, кое сеуште не е флаширано, било продадено по цена од 6000 долари.