Угледниот научник и некогашен член на Светската здравствена организација Кари Поиколаинен овие дена ги разбранувал научните кругови со тврдењето дека шише вино дневно не само што не е штетно за здравјето, туку и дека апстиненцијата е полоша од пиењето алкохол. Кари анализирал истражувања за влијанието на алкохолот врз организмот кои се направени во последниве десет години и дошол до заклучок дека пиењето алкохол е штетно единствено ако дневно испиеме 13 единици пијалок.

Во тој случај тоа би значело дека дозволена количина е 2,3 литри пиво, а што се однеусва до виното, едно шише во просек содржи десет чаши. Кари исто така наведува дека пиењето во овие количини е поздраво отколку воопшто да не се пие. Некои научници се спротиставиле на неговите тврдења и истакнуваат дека тие ниту малку не помагаат во дебатата околу штетноста или нештетноста на алкохолот, и напоменуваат дека за вакви тврдења најпрво треба да се обезбедат докази.