Четири шишиња од шкотското пиво со 55 проценти алкохол, понудено во препарирани верверици, биле продадени по цена од 840 евра. Пивото со име „The End of History“ содржело мед, цимет и нане. Продажбата во препарирани животни била критикувана од локалната организација за заштита на животните кои идејата ја нарекле перверзна.
Во просториите на шкотската пивара Брудог, во Фрејзерберг, во петокот биле продадени и седум шишиња во препарирани ласици, како и едно во препариран зајак. Комерцијалниот директор на пиварата изјавил дека за новиот производ сакале да направат нешто епско и монументално.