Пиварата на компанијата Калсберг во Копенхаген „Jakobsen Bru Haus“, го лансирала последното пиво од ексклузивната „Винтиџ“ триологија започната 2008 година, кое ќе се произведе во само 1000 шишиња и ќе се продава по цена од 250 евра. Секое шише се полни рачно, по зреењето во оригиналниот подрум на фабриката Јакобсен која датира од 1847 година.


Пивото се чува во дабови буриња, кои се користат за вино и даваат посебна арома. Тоа е пиво од светол јачмен и претставува алтернатива на најдобрите десертни вина на светот. Процентот на алкохол е помеѓу 8 и 12 проценти, има златна боја и е специфично по пенливите меурчиња карактеристични за вината. Најдобро е да се консумира во прилог на десерти и сирење.