Шише шампањско „Круг“ од 1915 година продадено е на аукција ви Њујорк за 116.375 долари сега останаа само три шишиња од ова пенливо вино на продажба. Продаденото шише шампањско се наиша во винаријата на шампањската куќа „Круг“ во северисточниот француски регион Шампањ. Освен шишето вино, анонимниот купувач доби и посета заедно со три гости на регионот Шампањ и винариите на куќата „Круг“ во градот Рем, кои се во сопственост на конгломератот „LVMH“.

 

Шампањската куќа „Круг“ ја основал Јохан-Жозеф Круг во 1843 година во Рем. Шише шампањско „Вев Клико“ од 1841 година продадено е во 2011 година за 30 илјади евра. Шампањската куќа „Вев Клико“ од Рем исто така е во соспственост на споментатиот конгломерат „LVMH“.