Поради шишенце парфем во форма на бомба, кое било најдено под еден мост во Сао Паоло, сообраќајот во тој дел на бразилскиот град бил прекинат, а полицијата покренала истрага. Црното шишенце на парфем за мажи Арсенал е толку добра копија на бомба, што полицијата ги блокирала сите приоди кон мостот.
Колоните на автомобили долги пет километри предизвикале колапс во најголемиот град на Јужна Америка, кој и онака е познат по големиот сообраќаен метеж. За сега не е познато дали шишенцето било оставено поради шега или лоши намери изјавил полицискиот инспектор Ренато Фернандез.