Нема одмор за “Гладијаторите”. По триумфот во езерското дерби претстојниот викенд ги очекува натпреварот со новајлијата во Супер лигата, РК Бисинов Фруит Ленд.
Одиме на победа, за продолжување на серијата успеси во Супер лигата, вели ракометарот на ГРК Охрид, Никола Шипинкоски.
Во сабота на гости ни доаѓа Бисинов. Една добра екипа со неколку искусни играчи, но со добар пристап се надевам ќе стигнеме до нова победа, додава Шипинкоски.
Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 18:30 часот.
OhridNews