ГРК Охрид во среда на домашен терен ја пречекува екипата на РК Аеродром. Пред натпреварот ракометарот Никола Шипинкоски вели дека ниедна екипа не треба да се потцени, а тие одат на победа.
Во среда играме со екипата на Аеродром, една млада екипа но во Супер лигата никој не смее да се потцени. Ние влегуваме максимално концентрирано до нова победа, додава Шипинкоски.
Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 18.30 часот.
OhridNews