Следен предизвик пред ГРК Охрид е младиот тим на Аеродром. Ракометарот Никола Шипинкоски вели во Супер лигата никој не смее да биде потценет.

Се подготвуваме и за овој натпревар како и за секој натпревар. Влегуваме во овој натпревар максимално сконцентрирано до три бода, додава Шипинкоски.

Натпреварот се игра утре во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 14 часот.

OhridNews